3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПристигна BMW Seriеѕ 2 Coupe(фото,видео)

Пристигна BMW Seriеѕ 2 Coupe(фото,видео)

BMW

Баварскиот гигант „BMW“ ги откри сите адути на својот нов модел кој во гамата на германскиот производител ќе ја замени „Seriеѕ 1 Coupe“.

dvojka1

Иако неодамна најавија дека 25-ти октомври ќе биде денот кога „Seriеѕ 2 Coupe“ ќе биде прикажан на светската публика, „BMW“ не успеа до последен моменет да ги сокрие изгледот и техничките детали на овој автомобил. Во неколку наврати, неофицијални фотографии и податоци за погонските агрегати преку различни канали дојдоа до љубителите на автомобили на оваа марка.

dvojka2

На „Стариот континент“, овој нов модел на „BMW“ ќе биде достапен во три верзии, почнувајќи од 220i кој ќе има 2.0 литарски турбо мотор со 184 коњски сили, и забрзување од 0 до 100 за 7 секунди. Потрошувачката кај овој модел ќе биде 6,3 литри на 100 километри со стандардниот мануелен 6-степен менувач.

dvojka3

Следен е моделот 220d кој доаѓа со 2.0 турбо-дизелски агрегат кој исто така испорачува 184 коњски сили, забрзува до „стотка“ за 7,2 секунди и троши 4,5 литри на 100 километри.

dvojka4

Најмоќниот модел ќе ја носи ознаката M235i и ќе испорачува 326 коњски сили од својот 3.0-литарски 6-цилиндарски мотор, кој со стандардниот мануелен менувач до 100 километри на час ќе стигнува за 5 секунди, а со автоматскиот 8-степен пренос забрзувањето до „стотка“ ќе биде за 4,8 секунди. Неговата потрошувачка ќе биде 8,1 литар на 100 километри.

dvojka5

Очекувањата се дека на европскиот пазар ќе бидат достапни и уште неколку верзии, како и моделот со погон на сите четири тркала кој треба да се појави во текот на следната година.

dvojka6

„BMW Seriеѕ 2 Coupe“ ќе пристигне во продажните салони ширум Европа во март 2014-та година. Цената на ова возило во Германија ќе се движи од 29.950 евра за основниот модел со бензинскиот мотор, 220i.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП