Американскиот производител на чипови Nvidia стана највредната компанија во светот, откако нејзините акции пораснаа за 3,5 отсто на 135,60 долари, зголемувајќи ја нејзината пазарна вредност на 3.330 милијарди долари.
Така, компанијата го симна од тронот технолошкиот гигант Microsoft, само неколку дена откако го престигна Apple и стана втора највредна компанија, пишува Ројтерс.
Пазарната вредност на Microsoft е 3.320 милијарди долари, откако неговите акции паднаа за 0,2 отсто.
Паднаа и акциите на Apple, но за 1,3 отсто и се одрази на вредноста на компанијата да изнесува 3.270 милијарди долари.
Акциите на Nvidia се зголемија за речиси 173 отсто досега оваа година, во споредба со растот на акциите на Microsoft од 19 отсто.
Скокот ги подигна акциите на Nvidia на рекордно високо ниво и ја зголеми нејзината пазарна вредност за 103 милијарди долари.
Nvidia има повеќе од 80 отсто удел на пазарот на чипови со вештачка интелигенција.