26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Huawei“ покажа луксузно „SUV Coupe“

„Huawei“ покажа луксузно „SUV Coupe“

Производителот на паметни телефони „Huawei“ ја прошири својата гама на возила со прикажување на ново „SUV“ купе што ќе биде достапно како „EV“ (чисто електрично возило) и како „EREV“ (продолжувач на електричен опсег). Наречен „Luxeed R7“, моделот е развиен од „Huawei“ и „Chery“ и се придружува на механички поврзаниот седан „S7“ што го лансираше технолошкиот гигант.

Првите слики од „Luxeed R7“ беа споделени на кинеските социјални мрежи „Weibo“ од Ју Ченгдонг, кој е шеф на програмата „Smart Car Solutions“ на „Huawei“. Тој е категоричен дека „R7“ ќе направи „светска револуција“ и ќе ги надмине своите конкуренти од светските премиум производители.

Дизајнот на електричниот автомобил е во стилот на моделите на марките „Aito“, „Luxeed“ и „Stelato“. Обликот на „LED“ светлата и дел од каросеријата е идентичен со оној на седанот „S7“.

Истото важи и за „ADAS“ сензорите, вклучувајќи го и системот „LiDAR“ поставен на покрив за да го напојува автоматизираниот систем за возење ADS 3.0 на „Huawei“.

Сè уште недостасуваат фотографии од внатрешноста, но се претпоставува дека „R7“ ќе го добие истиот дизајн и технологија на контролната табла како седанот „S7“. Вториот доаѓа со 15,6-инчен дисплеј кој работи на системот „Harmonyos“ на „Huawei“.

Се претпоставува дека должината на новиот „SUV Coupe“ е 4950 mm, а меѓуоскиното растојание е 2950 mm. Тоа значи димензии слични на „BMW X6“ и „Mercedes GLE Coupe“, позиционирајќи го новиот „EV“ помеѓу „Model Y“ и „Model X“ на „Tesla“.

Според „Car News China“, и верзиите „BEV“ и „EREV“ на „Luxeed R7“ ќе имаат архитектура од 800 волти со помош на батерии од силициум карбид со висок напон. Судејќи според седанот, SUV-купето ќе се нуди со еден електромотор со моќност од 292 ks или со два електромотори кои развиваат 496 ks. Досегот со едно полнење ќе биде 855 километри на кинескиот циклус на мерење „CLTC“.

Продажбата на „Luxeed R7“ во Кина ќе започне во третиот квартал од годината, со проценета цена помеѓу 41.400 и 55.200 долари. Тоа е 6.900 долари повеќе од седанот „Luxeed S7“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП