26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва се функционерите кои ќе одлучуваат за македонската економија!

Ова се функционерите кои ќе одлучуваат за македонската економија!

Официјално веќе се знае кои ќе бидат функционерите кои ќе ја водат македонската економија во следните четири години. Дел од кадрите се познати, а дел допрва ќе треба да се докажуваат пред најголемиот критичар, а тоа е јавноста. Во оваа анализа на Денар се претставени сивиата на функционерите кои треба да носат одлуки за бизнисот, работниците, за целокупното стопанство, но и за состојбите во јавниот сектор.

Државната каса ќе биде под надлежност на Гордана Димитриевска Кочовска. Таа ќе биде идната министерка за финансии предложена од ВМРО-ДПМНЕ. Освен што Кочовска е одговорна во партијата за ресорот финансии, таа беше и во претходната техничка влада технички заменик министер, кога на министерската позиција беше Нина Ангеловска. Инаку, Кочовска има искуство во областа на финансискиот консалтинг, била дел од Стопанска банка, како и искуство во Македонски Телеком во секторот даноци.

Секторот економија и труд кое ќе биде практично ново министерство каде ќе се одлучува не само за работодавачите туку и за работниците. Со него ќе раководи Бесар Дурмиши од движењето Беса. Од Беса ќе го раководат и министерството за социјална политика, демографија и млади, а на челната позиција односно министер ќе биде Фатмир Лимани. Нивната заложба според партијата е дека без компромис ќе се посветат на трите најприоритетни точки од владината програма – борбата против криминалот и корупцијата, реализација и имплементација на условитe за интеграција на земјата во Европската Унија и економски развој на државата. Лимани во јавноста е познат како внук на Али Ахмети. Тој е професор по историја, но и поранешен заменик на државните електрани. Дурмиши пак е дипломиран економист кој работел како сметководител. Во 2017 станува советник во Советот на општина Тетово. Три години потоа е назначен за шеф на кабинет на директорот на Македонски железници транспорт. Во моментов тој е претседател на советот на Општина Тетово.

Со новото министерство за енергетика, рударство и минерални суровини ќе раководи Сања Божиновска. Таа е експерт од областа на енергетиката и најголемиот дел од нејзината кариера е во странство. Последното работно искуство и е како консулатнт во областа на енергетиката во Прага, а Божиновска е образована на неколку евроски престижни универзитети.

Со ресорот земјоделство ќе раководи Цветан Трипуновски кој е предлог за министер за земјоделие, а министерството за култура и туризам ќе го води актерот Зоран Љутков. Трипуновски како опозиционер беше еден од најгласните функционери на ВМРО ДПМНЕ кои ја оспоруваа работата на министерот за земјоделство и неговите политики.

Овие кадровски решенија треба да се потврдат во вторник на владина седница. Инаку, во собранието со комисијата за економски прашања ќе претседава Бојан Стојановски од ВМРО ДПМНЕ, а со собраниската комисија за Финансирање и буџет Сања Лукаревска која е веќе екс директорка на УЈП но и заменик претседателка на СДСМ.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП