26 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАMicrosoft стисна пауза на лансирањето на една од своите најконтроверзни нови опции

Microsoft стисна пауза на лансирањето на една од своите најконтроверзни нови опции

Кога Microsoft објави два нови персонални компјутери на крајот на мај, богато опремени со алатки напојувани со вештачка интелигенција, јавното мислење беше доста поделено. И додека некои со ентузијазам ја дочекаа „новата ера на персоналните компјутери“, други посочија на бројни потенцијални проблеми.

Најпрво една од новите опции претставени од Microsoft на компјутерите со вештачка интелигенција беше Recall. Оваа опција следи сè што прават луѓето на нивните компјутери, од сурфање на веб до гласовни разговори, создавајќи историја на целата таа активност за корисниците да можат да ја бараат подоцна кога ќе им требаат тие информации.

Самиот факт дека компјутерот би следел сè што прават луѓето предизвика загриженост за приватноста на корисниците и тајноста на податоците што ги користат во нивната работа. Експертите за компјутерска безбедност предупредија дека оваа алатка може да им олесни на хакерите да развијат алатки за собирање кориснички информации како лозинки и кориснички имиња.

По бројните приговори, Microsoft првично објави дека Recall нема да биде автоматски вклучено, туку дека корисникот ќе го вклучи според сопствените потреби и дека ќе воведе дополнителни безбедносни карактеристики како дополнителна проверка на идентитетот преку Windows Hello. Меѓутоа, сега попуштија под притисокот и одлучија дека компјутерите Copilot+PC нема да доаѓаат опремени со Recall.

Како што изјави Microsoft во официјалното објаснување, Recall ќе биде префрлен од „широко достапна алатка“ во програмата Windows Insiders на Microsoft, која овозможува само преглед на функциите, а не активна употреба.

Сепак, тие додаваат дека планираат да ги направат сите алатки за вештачка интелигенција достапни за сите корисници на Copilot+PC веднаш штом ќе добијат повратни информации преку програмата WIP.

Оваа одлука се заснова на нашата посветеност да обезбедиме сигурно, потврдено и целосно искуство за сите корисници, се вели во објавата на официјалниот блог.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП