19 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМало, сино, електрично: „Renault 5 Turbo“ доби наследник! (ФОТО)

Мало, сино, електрично: „Renault 5 Turbo“ доби наследник! (ФОТО)

Нема повеќе турбо, а името е исто така различно – имено, малиот електричен спортски автомобил ќе се продава под брендот „Alpine“, а неговото име е „A290“.

Најмоќниот „Renault 5“ има електричен мотор од 150 ks, додека „Alpine A290 GT Performance“ достигнува моќност до 220 ks (300 Nm), а погонот сѐ уште е на предните тркала, со забрзување до 100 km/h за само 6,4 секунди.

Послабата верзија „GT“ има 180 ks и забрзува до 100 km/h за 7,4 секунди.

Еден од големите успеси на брендот е да ја држи тежината на автомобилот под контрола. И покрај батеријата од 52 kWh, масата е само 1.479 kg, што е добро за електричните автомобили.

„Alpine“ вели дека досегот е до 380 km – потребни се 30 минути за полнење на автомобилот од 15% до 80%. Во поглед на дизајнот, тој сè уште е „Renault 5“, со некои мали додатоци како што се двете „X“ дневни светла кои потсетуваат на старите тркачки денови на марката.

„Alpine“ откри дека „A290“ ќе чини од 38.000 евра, а на стартот ќе се продава „GTS Premiere Edition“, кој добива своја боја, дополнителна опрема и специјална инструмент табла. Во исто време, тој е ограничен на 1.955 примероци, што е референца на годината кога е основана „Alpine“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП