26 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„BMW“ ја претстави освежената „двојка“ (ФОТО/ВИДЕО)

„BMW“ ја претстави освежената „двојка“ (ФОТО/ВИДЕО)

„BMW“ ја претстави ажурираната „Series 2“, а промените се повеќе од суптилни во споредба со моделот во заминување. Продажбата треба да започне во август, со благ пораст на цените на целата линија.

Кога станува збор за моторизација, нема промени. Во понудата има четири бензини и еден дизел.

Основниот „BMW 218i“ користи 2.0 бензински 4-цилиндричен мотор од 115 kW/156 ks, благодарение на кој од 0 до 100 km/h достигнува за 8,7 секунди.

Следен во понудата е „BMW 220i“ со 135 kW/184 ks. Забрзувањето до 100 km/h трае 7,5 секунди.

Купувачите на кои тоа не им е доволно може да го изберат „BMW 230i“ со 180 kW/245 ks, кој забрзува од 0-100 km/h за 5,9 секунди.

На врвот на гамата е „M240i xDrive“ со 3,0-литарски четирицилиндричен мотор од 275 kW/374 ks и погон на 4 тркала.

Спринтот до 100 трае само 4,3 секунди.

Дизелот е „220d“, кој под хаубата крие мотор 2.0 со 4 цилиндри и 140 kW/190 ks. Автомобилот од место до 100 km/h забрзува за солидни 6,9 секунди.

„BMW Series 2“ од 2025-та година добива нов, опционален пакет „M Sport Professional“ со затемнети надворешни детали и дополнителен спојлер.

Баварскиот производител нуди и неколку нови опции за бои, вклучувајќи ја црвената „Vegas“ (се гледа на фотографиите) и „Zandvoort Blue“, кој претходно беше ексклузивен за „M2“, но сега е достапен и за „M240i“.

Најголемата иновација во кабината е инфозабавниот систем кој го користи системот iDrive 8.5 на „BMW“, за кој се вели дека е малку полесен за користење од претходната верзија.

Има и ново стандардно амбиентално осветлување кое е интегрирано во отворите за воздух. Дизајнот на воланот е исто така нов, вклучувајќи и волан со рамно дно на спортските верзии, а седиштата со греење сега се стандардни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП