23 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

Фортонмка успешно реализира продажба на објект од 9,5 милиони евра на ЛИДЛ

Компанијата Фортонмка претставувајќи ги интересите на својот клиент Скопски пазар АД, успешно реализира продажба на компанијата ЛИДЛ, земјиште од 16.000 м2 во Скопје, на кое се наоѓа објектот на некогашниот „Бриколаж“ во скопската населба Гази Баба.

Фортонмка со ова уште еднаш ја покажа својата висока експертиза во делот на управувањето со комерцијалните недвижности, успешно водејќи го целиот купопродажен процес од самиот почеток.

Информацијата дека „Скопски пазар“ ја реализира продажбата на „Лидл Северна Македонија“ за износ од 9,5 милиони евра денес беше објавена на Македонската Берза.

ФОРТОНМКА е партнер на Cushman & Wakefield најголемата светска приватна консултантска компанија во секторот на недвижности што овозможува пристап до интернационално знаење и искуство кое може да се пренесе во земјава и регионот и да се понуди додадена вредност за своите клиенти.

Независно дали станува збор за продавање, купување, финансирање, изнајмување, управување и проценување на имотот Фортонмка нуди стратешки пристап и им помага на клиентите да дојдат до најдобри решенија поврзани со недвижностите, а од соработката да остварат бенефит на долг рок.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП