8 јуни, 2025
ПочетнаКОМПАНИИApple водечка компанија по вредност во светот

Apple водечка компанија по вредност во светот

Американската технолошка компанија Apple стана највредната компанија во светот, откако на берзата постигна пазарна капитализација од 3.300 милијарди долари, со што ја надмина вредноста на Microsoft, која остана на 3.200 милијарди долари.

Ваков скок е забележан откако акциите во вторникот пораснаа за повеќе од седум отсто на рекордно високо ниво, кое продолжи да расте еден ден подоцна за уште четири отсто.

Apple најави дека ќе ја вгради генеративната вештачка интелигенција во своите домашни апликации и најновите уреди, со функции кои се движат од технологија за помош при ракопис до емотикони генерирани со вештачка интелигенција.

Многу аналитичари веруваат дека новите карактеристики на вештачката интелигенција, наречени Apple Intelligence, ќе ги наведат корисниците да купуваат нови iPhone-и.

Microsoft и Apple се менуваат на водечката позиција, а во трката неодамна се вклучи и Nvidia, која накратко беше највредната компанија во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП