ЕВН Македонија и Електродистрибуција учествуваа на седмиот енергетски форум МЕФ. Брз одговор на енергетската транзиција беше главната порака од сите учесници. Главните предизвици и натаму остануваат воспоставување енергетска стабилност, преоптовареноста на електроенергетската мрежа и нејзиното прилагодување на потребите на пазарот, бариерите во регулативата, еколошката одржливост, сајбер заштитата итн.

Сашо Салтировски од Електродистрибуција ги потенцираше постоечките предизвици и можни решенија на патот кон енергетската транзиција. „Еден терават договори за приклучок на обновливи извори, повеќето за фотонапонски електрани, допринесоа до тесни грла и загушувања во дистрибутивната мрежа, особено во приклучните точки помеѓу Електродистрибуција и МЕПСО. Секако, најлесна одлука е да се инвестира во изградба на нова или реконструкција на постоечката мрежа, но тоа е временски најдолго и најскапо решение кое може да ја доведе во прашање исплатливоста на инвестиците во обновливи извори на енергија. Според него фокусот треба да биде на исцрпување на можностите на постоечката мрежа преку инсталирање и управување на складишта на енергија, имплементација на паметни мрежи, децентрализација преку микромрежи. Тоа значи потикнување на градба на извори на енергија близу до потрошувачката, имплементација на интелегентни решенија за подобра прогноза на обновливите извори, искористување на можностите на електричните возила за складирање на енергија и давање на системски услуги итн.



