11 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСекој четврти млад човек во Македонија е невработен, или е неквалификуван или...

Секој четврти млад човек во Македонија е невработен, или е неквалификуван или не му се работи!?

Практичната настава во средните училишта треба да се зголеми. Ова е ставот како на бизнисот така и на младите луѓе. Проблемот со недостатокот на работна сила е глобален и не треба да се очекува некој друг да ни го реши, бидејќи во потрага по квалификуван кадар не се само државите од регионот, туку тоа се случува насекаде низ светот. Македонскиот угостителски работник веќе традиционално во летните месеци се сели на грчкото и хрватското приморје, градежниците парчето леб го вадат на некое од европските градилишта, а оние кои се поголеми ентузијасти сезонски работат на бродови. Во главно, работници нема, а проблемот ќе мора да стане предизвик и самите да си го решиме.

Од Младинскиот образовен форум велат дека две третини од младите луѓе веќе со една нога се надвор. Тие не гледаат никаква иднина во Македонија. За младите повеќе не е прашање висината на платата која се заработува во земјава, туку квалитетот на живот. Условите за студирање, можноста за вработување, напредокот во кариерата, отворањето и водењето на бизнис, сето тоа го наведуваат дека е далеку подобро отколку во Македонија. Информациите на МОФ се дека 55 отсто од средношколците не добиваат никакво кариерно советување за адекватно да ја продолжат својата кариера, половина од средношколците никогаш не чуле дека има мерки за вработување во Агенцијата за вработување.

„Формалното образование нуди одредени вештини но не и конкретни за вработување. Во средното стручно но и во високото обравование многу недостасува пракса, што ќе им овозможи, кога ќе излезат од клупитие, да може полесно да се прилагодат на една работна средина“, велат од МОФ.

Од Комората на занетчии и порачаа на новата влада дека приоритет треба да биде стручното образование, а со тоа и продуцирањето на квалификувана работна сила. Ставот на занаетчиите е дека ако една држава нема квалификувана работна сила, нема здрава економија. Во стратегијата на идната влада треба да има модел со кој ќе се среди целокупната образовна слика во нашата држава. Во изминатите години ние видовме дека економисти, правници и ред други професии се во изобилие, без да ги омаловажиме но гледаме реално, а стручни занаети ни недостасуваат.

„Државата треба да има стратегија, да ги субвенционира, како што е дуалното образование, но да субвенционира и фирми. Зошто, затоа што не сите фирми ги задржуваат практикантите на работа после праксата. Споредено со другите години оваа кога се промовираа средните стручни училишта имаме поголем интерес за дејности кои недостасуваат во земјава на пазарот на труд“.

Последните официјални информации кои ги објави Државниот завод за статистика покажуваат дека невработеноста кај младите луѓе до 29 години изнесува речиси 25 отсто. Тоа значи дека секој четврти млад човек е невработен.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП