2 ноември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИYoung Dadi, Matej Foltz и Zee Bomb ја промовираа новата песна „Место“

Young Dadi, Matej Foltz и Zee Bomb ја промовираа новата песна „Место“

На 10 јуни, во скопскиот локал „Лабораториум“ се одржа промоција на новата песна на Young Dadi, Matej Foltz и Zee Bomb наречена „Место“. Настанот привлече огромно внимание кај младата публика, којашто имаше можност да ги види омилените артисти и да ја прослави пораката којашто ја испраќа нивната нова заедничка песна.

„Место“ е продолжение на иницијативата #НаправиМесто на Македонски Телеком и се надоврзува на главната идеја на оваа иницијатива, но низ една нова, свежа и креативна перспектива.

Преку неа гласот на новата генерација ја раскажува приказната за старите проблеми, за тензијата којашто доаѓа од нашето место и сето она што нè опкружува, за социјалната галама и различностите коишто нè прават сè подалечни едни од други. Но, наместо само да критикува, таа испраќа и повик до целата генерација да го најдат најдоброто во себе, во другите, во ситуацијата во којашто се наоѓаме.

Во текстот се користат локални мотиви од нашата заедница за да се опише генералното чувство коешто сите го имаме, а е во духот на делата на нашиот голем драмски автор Горан Стефановски. Во создавањето на „Место“ се користат сегменти од делата на Стефановски, како инспирација за да се создаде нов наратив.

„Нашата генерација живее со истите проблеми како и претходните генерации. Сакавме да направиме позитивна промена и место за позитивна мисла, и покрај сета тензија и разлики; место за отворен ум и заедништво, затоа што има многу повеќе нешта што нè спојуваат отколку што нè разделуваат. Затоа ја направивме „Место““ – вели Young Dadi, еден од авторите на песната.

Многубројната публика, составена претежно од млади луѓе и фанови на Young Dadi, Matej Foltz и Zee Bomb дојдоа да го слушнат звукот на новата генерација, којшто испраќа порака дека треба да ги надминеме различностите и да ги прескокнеме оградите поставени помеѓу нас за вистински да се поврземе.

Во инцијативата #НаправиМесто, со која Македонски Телеком отвори дискусија за отвореност, разбирање и вистинско поврзување, досега беа вклучени познати личности, инфлуенсери, музичари, спортисти… Тие ги споделуваа своите приказни за предизвиците со коишто се соочиле, повикуваа на единство и охрабруваа заедно да се бориме против предрасудите. На овој повик сега се приклучува и новата генерација преку креативниот израз и современиот звук на Young Dadi, Matej Foltz и Zee Bomb со песната „Место“.

„Место“ е достапна на сите популарни стриминг платформи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП