Претстојниот „iOS 18“ ќе донесе многу подобрувања кои вклучуваат вештачка интелигенција, а едно од нив е тоа што ќе овозможи контрола на поединечни апликации преку глас.
Во тоа ќе ви помогне „Siri“, гласовниот асистент кој им е добро познат на сите корисници на „Apple“, а кој ќе биде подобрен во новата верзија на оперативниот систем.
Според извештајот на „Bloomberg“, „Siri“ ќе ви овозможи да контролирате многу работи на вашиот „iPhone“ со вашиот глас.
„Ова вклучува отворање поединечни документи, преместување белешки во други папки, испраќање или бришење е-пошта, отворање написи во „Apple News“ или дури и сумирање на статии“, пишува овој весник.
Според тоа, „Siri“ би можел да биде уште покорисен во секојдневниот живот, особено кога сте зафатени со рекреација или возење.
Во почетокот „Siri“ веројатно ќе поддржува само една гласовна команда, но се планира „Apple“ да ги прошири можностите на овој асистент за извршување на повеќе команди истовремено.
Со оглед на тоа дека обработката со вештачка интелигенција директно од уредот бара доста моќна технологија, овие можности веројатно ќе бидат ограничени на „iPhone 15 Pro“ или поновите модели.