28 март, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМалите и микро фирми поевтино е струја да купуваат од берзите!

Малите и микро фирми поевтино е струја да купуваат од берзите!

Претставниците на малите семејни бизниси имаат барање до надлежните за намалување на сметките за електрична енергија. Од Комората на занетчии сметаат дека најголем дел од дејностите кои се под нивниот домен не се класична индустрија и затоа бараат да бидат тргнати од групата потрошувачи на електрична енергија кои плаќаат индустриска тарифа. Регулаторот сепак смета дека тоа засега не е возможно. Но, ги советува занаетчиите и малите бизниси, да излезат на слободниот пазар на електрична енергија со образложение дека сега цените на берзите се поволни и поевтини од оние кои компаниите ги плаќаат во земјава.

Комората на занаетчии испрати барање до Министерството за економија и до Регулаторната комисија за енергетика за промена во начинот на тарифирање на електрилната енергија за малите и микро бизниси. Занаетчиите не се согласуваат да плаќаат индустриска тарифа со образложение дека тие не се индустрија и дека нивната потрошувачка е симболична.

„Ние не сме индустрија, ние во принцип не сме индустриска држава, 92 отсто од фирмите се микро мали и средни компании. Микро и малите фирми не влегуваат во индустрија. Дуќаните во чаршијата, кројачот, чевларот, филиграните, часовничарите, фризерите тоа не е индустрија. И тие не може да трошат струја како една фабрика. Затоа ние бараме, не како што плаќаат домаќинствата, бидејќи ние работиме некаков бизнис. Туку, може да бидеме регистрирани како бизнис секција која плаќа некоја средна тарифа. Со тоа ќе имаме некои бенефити“, велат од Комората на занаетчи.

Ставот на Регулаторната комисија за енеретика е дека тоа во моментов не е изводливо. Не може да се прави посебна тарифа за одедени категории на потрошувачи. Препораката на регулаторот е малите потрошувачи или микро компаниите да одат на слободниот пазар на електрична енергија.

„Нашата препорака е сите мали и микро претпријатија да излезат на слободниот пазар, таму во моментов се далеку пониски цените на електрична енергија. Околу 20 до 30 отсто цените на слободниот пазар цените се пониски во однос на регулираниот пазар во земјава. Законската регулатива кај нас препознава домаќинства и мал потрошувач, и таа цена што важи за сите мали потрошувачиу, мора да важи за сите на регулираниот пазар“, велат од РКЕ.

Податоците од регулаторна велат дека во последниов период има рекорден број на промени, односно компании кои од регулираниот пазар купуваат струја од берзите.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП