Производителот на чипови „ASML“ рече дека неговиот профит во првиот квартал ги надмина очекувањата, додека приходите од продажба ги промашија прогнозите. Во исто време, компанијата се држи до својата годишна прогноза, пишува „CNBC“.
Нето приходите од продажба се намалени за 21,6% на годишно ниво, а нето добивката е намалена за 37,4%.
„Нашата прогноза за целата 2024-та година е непроменета, очекувајќи втората половина од годината да биде посилна од првата половина во согласност со континуираното закрепнување на индустријата од падот“, коментира извршниот директор на „ASML“, Питер Веник.
„На 2024-та година гледаме како на преодна година, со континуирани инвестиции во капацитети и технологија“, додаде тој.
Нето машинските резервации на „ASML“ достигнаа 3,6 милијарди евра во првиот квартал. Тоа е намалено за 4% на годишно ниво, но речиси две третини послабо од претходниот квартал.
„ASML“ е една од најважните компании на светскиот пазар на полупроводници. Изработува алатки кои се потребни за производство на најнапредните чипови во светот.
Минатата година, послабата побарувачка за потрошувачка електроника, како што се паметните телефони и лаптопите, им наштети на компаниите за чипови кои произведуваат компоненти за тие уреди.
Сепак, некои фирми, како што е производителот на мемориски чипови „Samsung“, уживаат во закрепнување на побарувачката.
„ASML“ претходно изјави дека очекува нејзиниот нето приход во 2024-та година да биде ист како 2023-та година. Компанијата сега ја задржа таа прогноза. За 2023-та година, компанијата објави нето приход од продажба од 27,6 милијарди евра.