22 април, 2025
ПочетнаСВЕТИзраелската војска уби дури 274 Палестинци за да спаси четворица заложници

Израелската војска уби дури 274 Палестинци за да спаси четворица заложници

Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, соопшти дека 274 лица, вклучувајќи деца и други цивили, се убиени во израелски напад врз бегалскиот камп, при што беа спасени четворица заложници.

Да потсетиме, вчера израелските сили, поддржани од воздушни напади, водеа интензивни борби со Хамас во и околу бегалскиот камп Нусејрат. Целта, објави ИД, беше ослободување на заложниците киднапирани од Хамас на фестивалот во октомври.

Ноа Аргамани, Алмог Меир Јан, Андреј Козлов и Шломи Жив, кои беа киднапирани од музичкиот фестивал Нова на 7 октомври, се вратени во Израел. Израелската армија проценува дека во операцијата загинале околу сто луѓе. Доколку се потврдат бројките наведени од Хамас, тоа би значело дека вчерашниот ден беше најсмртоносниот ден од почетокот на војната во Газа.

Палестинците кои живеат во густо населената област опишаа страв од интензивно бомбардирање и силен оган. Абдел Салам Дарвиш изјави за Би-Би-Си дека бил на пазарот и купувал зеленчук кога слушнал борбени авиони и пукотници.

После тоа, видов тела на луѓе расфрлани по улиците, а ѕидовите беа извалкани со крв“, рече тој.

Враќањето на заложниците во нивните семејства предизвика прослави во Израел, а светските лидери, вклучително и американскиот претседател Џо Бајден, ја поздравија веста за нивното ослободување.

Но, високиот претставник на Европската унија за надворешни работи, Жозеп Борел, ја осуди акцијата, велејќи дека тоа е масакр.

„Извештаите од Газа за уште еден масакр на цивили се ужасни“, напиша тој на X.

Еден израелски министер рече дека наместо да го осуди Хамас затоа што се крие зад цивилите, ЕУ го осуди Израел затоа што ги спасува своите граѓани.

„Ги собирав деловите од телото на моето дете“, изјави за Би-Би-Си Нора Абу Хамес, која се наоѓа во засолниште во Нусејрат.

„Моето второ дете е меѓу животот и смртта. Дури и мојот сопруг и мојата свекрва, целото наше семејство е уништено. Ова е геноцид“, додаде таа.

Десетгодишниот Ареј Ал Захднех, говорејќи во блиската болница, рече дека имало воздушни напади, тенкови и пукотници.

„Не можевме да дишеме. Сестра ми Римаз беше погодена од шрапнел во главата, а мојата петгодишна сестра Јара исто така беше погодена од шрапнел“, рече тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП