21 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАГармин го претстави часовникот Тактих ГПС

Гармин го претстави часовникот Тактих ГПС

gp

Компанијата Гармин го претстави својот нов часовник под името „Тактих ГПС“.

Часовникот поседува ГПС, покажува податоци за надморската височина, а е опремен и со барометар и компас.

Гармин Тактих ГПС е изработен во темно црна боја, а екранот се осветлува во зелена светло.

Батеријата трае до 50 часа во УлтраТрак начин на работа, а 16 часа во фул ГПС начин.

– Тактих е опремен со доверливата навигациска технологија на Гармин, поради што на него може да се потпрат и војници и цивили. Освен тоа, часовникот нуди и податоци за плимата, како и Џампмастер софтвер.

Според својот дизајн се разликува од останатите ГПС преносни уреди, изјави Даб Бартел, потпретседателот на компанијата Гармин задолжен за продажба.

Часовникот се очекува да се најде во продажба во САД во ноември по цена од 449 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП