14 мај, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСекој телефон има свој рок на траење: Ова е листа на најпопуларните...

Секој телефон има свој рок на траење: Ова е листа на најпопуларните брендови и нивниот рок на траење

Мобилниот уред се троши со текот на времето, неговите перформанси стануваат послаби, што значи дека вашиот телефон има одреден рок на траење.

Ова е просечниот животен век на најпопуларните брендови и производители на телефони на денешницата:

Apple iPhone: 4 до 8 години
Samsung: 3 до 6 години
Google Pixel: 3 до 5 години
Huawei: 2 до 4 години

Ова се просеци, што значи дека овие бројки може да варираат од уред до уред.

Животот на вашиот мобилен уред започнува од датумот на производство, а не од моментот кога сте го купиле, па затоа е многу важно да знаете кога е произведен, а тоа можете да го дознаете по датумот на производство, кој обично е означен на пакувањето на самиот уред.

Ако веќе сте ја фрлиле кутијата, отворете ги поставките на телефонот и пронајдете ја опцијата „За уредот“. Датумот или серискиот број се наведени таму.

Можете исто така да го дознаете датумот на производство преку тајни шифри. Бирајте *#06# за да го дознаете серискиот број. Многу производители го кодираат датумот на производство во серискиот број.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП