Стопанска банка АД Битола преку соопштение на Македонската берза објави дека г-ѓа Александра Радевска ќе биде член и претседател на Управниот одбор на банката.
“Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување: Врз основа на Одлука од Надзорен одбор бр. 02-6042/1/I.1-1 од 16 мај 2024 година и Решение за издавање претходна согласност од Народна банка на Република Северна Македонија бр. 15-8878/11 од 4 јуни 2024 година, за член и претседател на Управен одбор на Стопанска банка а.д. Битола повторно е именувана г-ѓа Александра Радевска”, се вели во соопштението.