Вчера наутро, три водечки сервиси за вештачка интелигенција – ChatGPT, Claude и Perplexity – беа недостапни неколку часа, предизвикувајќи големи проблеми за корисниците ширум светот.
Проблемот започна во раните утрински часови кога ChatGPT, популарлниот чет-бот од OpenAI, престана да работи. Проблемите започнаа околу 9:33 часот наутро, по наше време, а траеја до околу 12:17 часот, со повремени прекини.
Овој инцидент не беше изолиран, бидејки брзо потоа Anthropic Claude и Perplexity AI почна да покажува слични проблеми. Иако проблемите со услугите Claude и Perplexity беа решени побрзо, корисниците сепак имаа потешкотии да пристапат до овие платформи. Според извештаите на корисниците, Gemini на Google исто така доживеал краткорочни прекини.
Необичниот случај на три главни провајдери на вештачка интелигенција да не работат во исто време може да укаже на поширок инфраструктурен проблем или проблеми на ниво на Интернет, слични на оние што понекогаш ги мачат социјалните мрежи.
На страницата на ChatGPT, корисниците се соочуваа со порака дека услугата е преоптоварена, додека Клод прикажа грешка со пораката: „Се појави грешка во приказот на Server Components. Специфичната порака е испуштена во производните изданија за да се избегне откривање чувствителни детали. “Perplexity ја прикажуваше пораката „Преоптоварување. Ве молиме вратете се наскоро“.
Исто така, забележани се и други онлајн проблеми, како што е нападот zero-day spam на TikTok кој влијаеше на познати личности и брендови како Парис Хилтон и Си-Ен-Ен.