1 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната пензија во ЕУ изнесува 1.224 евра, колкава е во Македонија

Просечната пензија во ЕУ изнесува 1.224 евра, колкава е во Македонија

Жителите на нордиските земји можат да се пофалат со највисоките пензии, додека, очекувано, тие се најниски на Балканот.

Во 2021 година, просечниот месечен бруто-трошок за старосна пензија во ЕУ варира, од дури 2.762 евра во Исланд до 226 евра во Бугарија. Според податоците преземени од Еуростат, просекот на Европската унија бил 1.224 евра.

Пензионерите во Исланд (2.762 евра), Луксембург (2.575 евра) и Данска (2.417 евра) имаат највисоки просечни старосни пензии во Европската унија. Просечната старосна пензија во Швајцарија е 2.138, Австрија 1.962, Ирска 1.906, Италија 1.561, Германија 1.440, Словенија 692, Полска 538 и Унгарија 398 евра.

Хрватска е на 28 место од 36 земји – со 580 евра. Бугарија(226 евра) и Албанија(131) имале најниски просечни старосни пензии.

Просечната пензија во Србија моментално е 392 евра, а во Црна Гора е 488 евра.

Просечната пензија во Македонија изнесува 21.400 денари, а минималната изнесува 13.900 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП