20 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАChatGPT падна! Најпопуларниот AI сервис не работи ширум светот

ChatGPT падна! Најпопуларниот AI сервис не работи ширум светот

Илјадници корисници не можат да пристапат до нивните сметки на ChatGPT, најпопуларниот AI сервис во светот.

OpenAI вели дека се свесни за проблемот и се обидуваат да утврдат зошто системот паднал. Додаваат дека активно работат на исправање на настанатите грешки.

Засега нема информации за тоа што предизвикува паѓање на ChatGPT, а корисниците известуваат дека се пречекани со празен екран или пораки за грешка откако ќе се обидат да ја користат услугата.

Компанијата го ажурираше статусот на проблемот и го означи како „голем прекин“, но не даде дополнителни информации за тоа кога може да се очекува да се врати и да работи.

Проблемите почнаа да ги пријавуваат корисниците на Твитер пред неколку часа со коментари дека не можат да ја стартуваат страницата или да се логираат.

Проблемот првично беше поврзан со корисниците на лаптопи и десктоп компјутери, а сè регуларно работеше преку мобилните телефони. Но, наскоро ChatGPT престана да работи и на оваа платформа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП