11 декември, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонскиот минималец двојно понизок од хрватскиот, а минималната плата во Словенија, близу...

Македонскиот минималец двојно понизок од хрватскиот, а минималната плата во Словенија, близу просечната во Македонија!

Стандардот на граѓаните на Македонија никако да дојде на некое пристојно ниво. Македонските плати, а особено оние со закон најниско утврдени се на самото дно. Не само државите од Европската унија, пред нас се сите земји и од регионот. Особено загрижува фактот што повеќе од 100 илјади работници на месечно ниво заработуваат минималец. Сосотојбата е далеку по сериозна ако во домот двајцата родители се на минималната плата. Пресметките велат дека во тој случај тоа семејство не може да ги покрие ниту основните животни потреби.

Во земјава има континуирано зголемување на минималната плата, која низ годиниве стартуваше од осум илјади денари и за петнаесетина години дојде до ниво од 22 500 денари. Но, инфлацијата ги „изеде“ платите. Стандардот на македонскиот работник е на самото дно на Европа. Главната мака на граѓаните на Македонија е како да се протурка месецот. Денар подготви анализа за тоа како се движат останатите минимални плати во регионот, но и пошироко. Во однос на државите од опкружувањето, близу до нас или со минимални плати од околу 390 евра се работниците од Босна и Херцеговина и Албанија. Србите и црногорците имаат минималец над 400 евра, односно во Србија тој изнесува 410, а нешто над 450 е минималната плата во Црна Гора.

Во Европската унија тоа е друга приказна, како најниски минимални плати на скалата се Бугарија, Романија и Унгарија кај кои најниските утврдени месечни примања им се 500 евра. Поранешните две држави од Југославија кои сега се дел од Европската Унија, прво Словенија па потоа и Хрватска се далеку пред минималната заработка во споредба со останатите од овој регион. Словенија има минималец од речиси 950 евра, а во Хрватска 700 евра.

Поразвиените држави од западна Европа се светлосни години пред Балканот. Во Белгија минималната плата изнесува нешто над 2000 евра, 2600 евра во Луксембург. Во останатите држави таа е нешто пониска, но не под 1500 евра. Интересно е тоа што дел од државите немаат утврдено минимална плата како Италија, Шведска, Данска, Австрија, со образложение дека таму платите се секако високи и нема потреба да се прави некаква минимална граница за исплата на најниска сума на месечно ниво.

Синдикалците од земјава прават постојани напори ваквите состојби да се надминуваат. Борбата е тешка, бидејќи не треба да се убеадт и договорат само властите, туку и работодавачите. Но, како поминува времето повеќе не е прфашање висината на платата, туку потрагата по квалификуван работник. Од Светска банка во нивниот последен извештај за Македонија, стои дека платите во земјава не растат во иста мера како и продуктивноста на работниците. Но, борците на работнички права на ова ќе речат за 365 евра месечно, и тоа е многу!

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП