21 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЛаптоп без екран? Да, можно е, еве како функционира! (ФОТО/ВИДЕО)

Лаптоп без екран? Да, можно е, еве како функционира! (ФОТО/ВИДЕО)

Несомнено, екранот е клучен дел од секој лаптоп. Меѓутоа, што ако ви кажеме дека постои уред без оваа компонента?

Компанијата „Sightful“ го претстави „Spacetop G1“ – пренослив компјутер кој чини околу 1.750 евра и нема традиционален дисплеј. Наместо тоа, користењето на овој лаптоп бара пар очила за проширена реалност.

Овој лаптоп беше развиен речиси три години од ветерани од „Apple“, „Microsoft“ и „Magic Leap“. Долниот дел е стандарден и вклучува тастатура со 79 копчиња, тракпад и две USB-C порти, пишува „Techspot“.

Горниот дел, сепак, е она што го прави посебен. Наместо обичен екран, лаптопот има простор за сместување на „AR“ очила кои имаат двојни OLED дисплеи со резолуција од 1920 x 1080 и брзина на освежување од 90 Hz.

Овие очила создаваат огромен виртуелен работен простор од 100 инчи или барем илузија на таков простор. Бидејќи видното поле достигнува и до 50 степени, корисниците нема да можат да го видат целиот работен простор одеднаш, па ќе мора да ја движат главата за да гледаат различни делови.

Компанијата „Sightful“ истакнува дека овој „речиси бесконечен“ работен простор, во комбинација со прилагоден просторен оперативен систем наречен „SpaceOS“ (базиран на „ChromiumOS“), може значително да ја зголеми продуктивноста и креативноста на корисниците.

„Spacetop G1“ е опремен со моќен чип Snapdragon 8cx Gen 3. Исто така, има посебна графичка компонента, Adreno 740 GPU, кој го подобрува приказот на слики и видеа, и Hexagon NPU кој особено помага во обработката на сложени задачи како AI, овозможувајќи му на уредот брзо да обработува големи количини на податоци.

Лаптопот доаѓа со 16 GB RAM и има 128 GB простор за складирање. Траењето на батеријата е оценето до осум часа со едно полнење, со брзо полнење од 63 W. Уредот вклучува и веб камера од 5 MP за видео повици, со висока резолуција до 2592 x 1944.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП