Русија останува подготвена за преговори за Украина, но се работи за постигнување мир, а не за примирје, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
-Во неколку наврати, вклучително и на највисоко ниво, кажавме дека Русија останува отворена за преговори. Сепак, треба да биде јасно дека зборуваме за мир, а не за примирје – нагласи Лавров.
Тој рече дека во моментов е бесмислено да се дозволи пауза во конфликтот, што Украина ќе го искористи само за прегрупирање и вооружување на армијата.
-Нема смисла да му се даде пауза на непријателот, која повторно ќе ја искористи за да се прегрупира и да се вооружи – рече Лавров.