3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНекој издава станови, некој рента соби за една вечер, а некој –...

Некој издава станови, некој рента соби за една вечер, а некој – паркинг места за цел месец!

Во централниот дел на главниот град, каде што обично побарвачката за паркинг место ја надминува понудата, еден нов бизнис модел процветува.

Инвеститорите со предвидливост ги купуваат гаражните места уште во фаза на изградба на зградите, со цел да им ги изнајмат на жителите од околните згради.

Оваа практика се покажа како исклучително профитабилна, особено во централните области каде што слободните паркинг места се реткост.

На пример, гаражно место купено за 5.000 евра може лесно да се изнајми за 150 евра месечно, што овозможува значителен приход на сопствениците.

Еден скопјанец, кој преферира да остане анонимен, сподели дека му била понудена подземна гаража во соседната зграда за 150 евра месечно или за 1.300 евра годишно.

„Беше неверојатно, бидејќи секогаш имам проблем да најдам паркинг,” вели тој.

Подоцна, истиот човек кој му ја понудил гаражата открил дека поседува десетина гаражни места низ целиот град и дека бизнисот со изнајмување му оди одлично.

Оваа само дополнително го потврдува трендот дека инвестирањето во гаражни места е популарен и исплатлив начин на инвестирање во урбаните центри.

Со оглед на тоа што Скопје продолжува да расте и да се развива, потребата за паркинг простор само ќе се зголемува. Оваа ситуација создава идеални услови за инвеститорите кои сакаат да профитираат од ограничената понуда и високата побарувачка.

Сепак, ова исто така поставува прашања за урбанистичкото планирање и потребата од одржливи решенија за паркирање кои ќе ги задоволат потребите на жителите без да го нарушат градскиот тек.

Инаку, вообичаената големина на паркинг просторот изнесува 15 квадратни метри, односно 3 со 5 во затворен простор и 2.5 со 5 метри на отворен простор.

Купувањето гаража, на пример, во Тетово, каде што тешко може да се најде паркинг простор на отворено чини повеќе од 10.000 евра.

Во Штип, пак, гаражите се продаваат по цена од 6.000 до 8.000 евра.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП