3 мај, 2025
ПочетнаКОМПАНИИ„Haribo“ подготвува инвестиција од 300 милиони евра во нова фабрика во Германија

„Haribo“ подготвува инвестиција од 300 милиони евра во нова фабрика во Германија

Производителот на бонбони „Haribo“ планира да инвестира околу 300 милиони евра (326 милиони долари) во нова фабрика во Нојс, во западниот дел на покраината Северна Рајна-Вестфалија за да го произведе својот бренд на гуми за џвакање „Maoam“.

Компанијата е во преговори со општината за купување на 14 хектари земјиште, што е еквивалент на 20 фудбалски игралишта, за новата фабрика и објектот ќе замени помала која моментално работи во градот.

Деталите за договорот произлегоа од интервјуто на главниот оперативен директор на „Haribo“ Маркус Риглајн за „Handelsblatt“.

„Haribo“ не може да ја задоволи побарувачката за бонбони „Maoam“ со капацитетот на сегашната фабрика и бара да ја прошири. Очекувањата се дека тимот ќе порасне на 450 од сегашните 350.

„Haribo“ привлече критики кога ја затвори својата фабрика во источната покраина Саксонија во 2020-та година, во која беа вработени 120 работници.

Риглајн забележува дека платите и трошоците за струја се повисоки во Германија, а има многу правила за производствените компании.

„Ова се предизвици што ги прифаќаме“, додаде тој. Според него, условите се насекаде нестабилни и останува можна конкурентна предност во Германија.

Основана во Бон во 1922 година, „Haribo“ е популарен по својот бренд на гумени мечиња. Компанијата „Maoam“ започна со производство на џвакани овошни бонбони во раните 1930-ти. а беше купена од „Haribo“ во 1986-та година.

Со седиште во Графшафт, јужно од Бон, од 2018-та година, „Haribo“ има вкупно 7.000 вработени, од кои 3.000 се во Германија. Компанијата има производствени локации во Графшафт, Бон, Нојс и Солинген.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП