24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПогледнете како се прави MacPro

Погледнете како се прави MacPro

mcpro

Новата и моќна десктоп станица на „Apple“ – „Mac Pro“ изгледа навистина фантастично. Куќиштето е составено од чист алуминиум кој изгледа многу луксузно, а сега имаме можност да погледнеме како тој се прави.

Тоа што израдува многу корисници на „Apple“ е информацијата дека овој цилиндричен компјутер се прави во САД, а не во Кина како другите хардвери.

„Apple“, кој го претстави „Mac Pro“ во јуни 2013-та година, по презентацијата на „iPad Air“ на 22-ри октомври, ги откри и клучните детали во врска со самата работна станица.

Внатре во куќиштето се наоѓа „Xeon E5“ со 12 јадра, најбрзата меморија1866MHz DDR3 ECC и два AMD FirePro GPU и до 1TB флеш простор за складирање на податоците.

Цената на новиот „MacPro“ ќе изнесува 2.999 долари за модел кој поседува 3.7GHz quad-core Xeon процесор, 12GB RAM, dual FirePro D300 и 256GB SSD. Новиот „MacPro“ ќе биде достапен на пазарот од декември 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП