17 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтартапот „xAI“ на Илон Маск достигна вредност од 24 милијарди долари

Стартапот „xAI“ на Илон Маск достигна вредност од 24 милијарди долари

Стартапот „xAI“ на Илон Маск собра 6 милијарди долари во кругот на финансирање од Серија Б.

Според „Reuters“, компанијата сега се проценува на 24 милијарди долари, од 18 милијарди долари пред овој круг.

Блог-објавата на компанијата на 26-ти мај, дојде помалку од една година по дебито на „xAI“ и е една од најголемите инвестиции во новото поле на развој на алатки за вештачка интелигенција. Развојот на вештачката интелигенција на Маск е силно поврзан со „X.com“, социјалната мрежа порано позната како „Twitter“, каде што „xAI“ ја лансираше својата услуга „Grok AI“.

Маск беше меѓу луѓето зад идејата за вештачка интелигенција од самиот почеток, поддржувајќи го „OpenAI“ пред лансирањето на „ChatGPT“ кон крајот на 2022-ра година. Тој подоцна поднесе оставка од организацијата и почна да повикува на повнимателен развој на технологијата поради потенцијалот опасностите што ги носи.

Парите ќе бидат искористени за лансирање на првите производи на „xAI“ на пазарот, изградба на модерна инфраструктура и забрзување на развојот на идните технологии, велат од „xAI“, цитирани од „Reuters“.

„Ќе имаме повеќе да објавиме во наредните недели“, напиша Маск во објавата на „X“.

Компаниите како „OpenAI“ и „Google“ се меѓу водечките играчи во жестоката трка за доминација во областа на генеративната вештачка интелигенција. Тие прават значителни инвестиции и развиваат иновации во оваа брзорастечка област.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП