17 јуни, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„BMW Skytop“ – создаден за уживање (ФОТО)

„BMW Skytop“ – создаден за уживање (ФОТО)

Иако „Skytop“ е базиран на сериски модел, како и многу други концептни автомобили веројатно нема да ја види производната линија. Но, тоа нѐ не спречува да уживаме во фотографиите од ова елегантно купе.

„BMW“ има долга традиција на претставување на нови концептни автомобили на натпреварот за елеганција „Villa d’Este“.

Оваа година не се разликува во тој поглед, бидејќи германскиот производител го претстави концептот „Skytop“, купе со две седишта со отворен покрив за кој компанијата вели дека е инспириран од моделите на едноставноста на брендот.

„Концептот „BMW Skytop“ е навистина уникатен и егзотичен дизајн, во традицијата на настанот „Concorso d’Eleganza Villa d’Este““, вели Адријан ван Хојдонк, раководител на „BMW Group Design“.

„Автомобилот нуди комбинација на возна динамика и елеганција на највисоко ниво, споредливи со неговите предци, како што се „BMW Z8“ или „BMW 503“, додава Ван Хојдонк.

Врските со родстерот „Z8“ се очигледни. Тенките задни светла на „Skytop“ и предниот дел во форма на ајкула се јасна дизајнерска инспирација преземена од моделот од раните 2000-ти.

Извајаниот дизајн на хаубата, малите фарови и уникатниот заден дел потсетуваат на „503“ од доцните 1950-ти.

Што се однесува до моторот, под хаубата се наоѓа познатиот 4.4 twin-turbo V8 со 625 ks (460 kW) и 750 Nm, преземени од серискиот „BMW M8“.

Силата се пренесува на сите 4 тркала преку 8-брзински автоматски менувач.

Иако „Skytop“ е базиран на сериски модел, како и многу други концептни автомобили веројатно нема да ја види производната линија.

Но, тоа нѐ не спречува да уживаме во фотографиите од ова елегантно купе.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП