17 јуни, 2024
ПочетнаСВЕТРојтерс: Путин сака прекин на огнот во Украина на сегашните линии на...

Ројтерс: Путин сака прекин на огнот во Украина на сегашните линии на фронтот

Рускиоит претседател Владимир Путин е подготвен да стави крај на војната во Украина, со примирје со кое освоените територии би се признале како дел од Руската Федерација, јавува Ројтерс, повикувајќи се на неименувани руски извори.

Изворите нагласија дека војната во Украина ќе продолжи доколку Киев и Западот не ги прифатат условите на рускиот лидер.

Тројца извори запознаени со дискусиите во кабинетот на Путин рекоа дека претседателот ја изразил својата фрустрација на група советници поради наводните „обиди на Западот да ги прекине преговорите и одлуката на украинскиот претседател Володимир Зеленски да не преговара со Русија“.

„Путин може да се бори онолку долго колку што е потребно, но тој е подготвен и за прекин на огнот, за замрзнување на војната“, изјавил четврти руски извор за Ројтерс.

И покрај тоа што аналитичарите сугерираат дека назначувањето на Андреј Белусов за нов министер за одбрана на Русија значи дека Кремљ се обидува да ја продолжи војната, изворите велат дека Путин сака да го искористи напредокот на бојното поле за да стави крај на конфликтот.

Тие за Ројтерс изјавија дека новоосвоените територии се доволни Путин да му „продаде победа“ на рускиот народ.

-Путин ќе каже дека победивме, дека НАТО не нападна, а ние го задржавме нашиот суверенитет и имаме копнен коридор до Крим, што е точно, рече еден извор.

Со замрзнување на конфликтот по сегашните линии, Русија ќе задржи големи делови од четирите украински региони – Доњецк, Луганск, Запорожје и Керсон, кои Путин ги прогласи за дел од Руската Федерација во 2022 година – но Москва сè уште нема да има целосна контрола врз овие области, според Ројтерс.

Еден од изворите рече дека продолжувањето на војната може да предизвика тензии во Русија, кога ветераните ќе се вратат дома и не се задоволни од својата работа и плата.

Тие додадоа дека новите напори на Русија на бојното поле ќе доведат до нова мобилизација, која Путин сака да ја избегне.

Извори на Ројтерс тврдат дека преговорите најверојатно нема да се случат додека Зеленски е на власт, освен ако руската политичка елита не го заобиколи украинскиот лидер и не ги отвори преговорите директно со Вашингтон.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП