16 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАИнтернетот исчезнува со алармантна брзина: Една четвртина од веб-страниците од 2013 година...

Интернетот исчезнува со алармантна брзина: Една четвртина од веб-страниците од 2013 година веќе не постојат

Интернетот исчезнува, сугерира најновата студија, бидејќи огромен број веб-страници и „онлајн“ содржини се неповратно изгубени. Интернетот често и неоправдано се смета за место каде што содржината, еднаш објавена, трае вечно. Но, според новото истражување, големи делови од него неповратно се губат во процесот на преместување или бришење на веб-страниците.

За да се поткрепи ова тврдење, даден е алармантен пример, според кој, од сите веб-локации што постоеле во 2013 година, дури 38% во овој момент неповратно ја изгубиле целата содржина. Најлошото е што не се само постарите страници, туку и поновите кои неповратно исчезнуваат. Дури 8% од веб-страниците што постоеле во 2023 година веќе не се достапни.

Сето ова се случува на инаку функционални веб-страници, според студијата која ја спроведе Pew Research Center, во процесот на преместување и бришење страници, а не на исчезнување на целата веб-презентација или веб-страница.

Ефектот значи дека огромни количини вести и важна референтна содржина исчезнуваат. Околу 23 отсто од информативните сајтови содржат најмалку еден неисправен линк, а дури 21 отсто од владините веб-страници страдаат од истите проблеми. Интересен е и фактот што 54% ​​од страниците на Википедија вклучуваат линкови во нивните референци до страници кои повеќе не постојат.

Истиот ефект се случува и на социјалните мрежи. Петтина од твитовите исчезнуваат од страницата во рок од неколку месеци по објавувањето.

Студијата беше завршена со собирање случајни примероци од речиси милион веб-страници, земени од Common Crawl, услуга која архивира делови од интернет. Истражувачите потоа разгледале дали тие страници продолжиле да постојат помеѓу 2013 и 2023 година.

Откри дека 25 проценти од сите страници собрани помеѓу 2013 и 2023 година повеќе не се достапни. Од нив, 16 проценти од страниците доаѓаат од веб-страни кои сè уште постојат, додека 9 проценти се наоѓаат на веб-локации кои веќе воопшто не постојат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП