15 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМилионите се трошат како алва!

Милионите се трошат како алва!

Техничката министерка за финансии од редовите на ВМРО -ДПМНЕ Елена Петрова излезо со ново обвинение за нејзиниот колега министерот од ДУИ Фатмир Бесими. Петрова обвинува за нерационалчно трошење на парите од државната каса, и тоа во време кога актуелната власт веќе е сигурна дека заминува во опозиција. Од кабинетот на Бесими засега нема реакција. Информациите на техничката министерка Петрова се дека од први до петнаесетти мај се потрошени 367 милиони евра пари на граѓаните.

Во својот допис до јавноста техничката министерка Елена Петрова вели дека за петнаесет дека актуелната власт се луиксузира со пари од буџетот кој не е во добра кондиција. Според неа неразумно е тоа што ниту тешкиот пораз на изборите не ги премислија функционерите да ги одложат веќе закажаните гала прослави на институциите со кои раководат, но тоа не се случи. Петрова вели дека продолжија и службените патувања, и останати луксузирања на државна сметка. Нејзините пресметки се дека за две недели се потрошени 367 милиони евра на непродуктивни цели.

„До 15 мај 2024 год. поминавме два викенди, три празнични неработни денови и еден изборен неработен ден. Колку потроши Владата во преостанатите седум работни денови, додека треба да се пакува за да ги испразни кабинетите? Вкупните буџетски расходи од 367 милиони евра во календарскиот период 01/05-15/05/2024 година“, вели техничката министерка Елена Петрова

Петрова најави дека за ваквите постапки ќе бидат известени сите релевантни истражни органи во државата, се со цел да се утврди дали поединци со свој план имаат намера да и наштетат на државата. Пресметките на техничката министерка велат дека само за девет проценти оваа сума е помала од вкупните расходи за цел мај во 2023 година. Во овој календарски период 01/05-15/05/2024 год. новосоздадениот буџетски дефицит т.е. негативна разлика меѓу помалку наплатените буџетски приходи и повеќе исплатените буџетски расходи изнесува 189 милиони евра.

„Во просек за 250% поголем од буџетскиот дефицит создаден во текот на ЦЕЛ месец мај во претходните четири години (2020-2023) поголем за околу 170% во споредба со буџетскиот дефицит создаден во текот на ЦЕЛ месец мај во кризната-ковид 2020 год. Новата политичка влада на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери наскоро ќе биде назначена. Ќе дојдат нови луѓе кои одговорно ќе ги водат државните органи и тела, ќе ги насочат јавните финансии за создавање долгорочни бенефити за македонските граѓани, но и од првиот ден ќе ги “отворат сметките”, ќе ги разоткријат и ќе иницираат сакционирање за сите досегашни незаконски и штетни трошења од Буџетот“, наведува Петрова.

Ова не е прв пат техничката министерка да го обвинува за нетранспарентно трошење на јавните финансии на држава. Петрова со документи алармираше дека во буџетот нема доволно пари за зголемените плати во администрацијата, но и за продлабочениот буџетски дефицит. За дел од овие обвинувања актуелниот министер Бесими реагираше и демантираше , но за дел немаше никаков коментар. Она што е сигурно, буџетот на почетокот на летово го чека прекројување, односно ребаланс.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП