30 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСантос добил 17.1 милиони евра за Нејмар!

Сантос добил 17.1 милиони евра за Нејмар!

neymar santos

Бразилскиот фудбалски клуб Сантос не добил 57 милиони евра од Барселона за напаѓачот Нејмар.

Тоа го изјави за медиумите во земјата претседателот на тимот, Одилио Родригез Филјо. Родригез додаде дека од објавата на Барселона за платени 57 милиони евра за Нејмар е создадена „огромна конфузија“ и доведе до сомневања околу однесувањето на раководството на клубот.

Тој откри дека Барселона платиле само 17.1 милиони евра за Нејмар. Од нив Сантос зема само 55 проценти, бидејќи остатокот е за две приватни фирми, кои имале удел во правата на играчот. Родригез изјави дека во договорот е вклучена дополнителна сума од 2 милиони евра, која ќе биде платена, ако Нејмар влезе во трката меѓу првите тројца номинирани на Златната топка на ФИФА.

Договорот, исто така, му обезбедува на Сантос приходи од две пријателски натпревари против Барселона. Ако вториот дуел не се игра бразилскиот клуб ќе добие дополнително 4.5 милиони евра. Претседателот на Сантос изјави дека бразилскиот клуб исто така ќе земе 7.9 милиони евра од Барселона, за да имаат тие предност во иднина при привлекувањето на тројца други играчи.

„Тоа значи дека Сантос и двете приватни фирми досега добиле 25 милиони евра вкупно од договорот за Нејмар – сума која може да се зголеми до 31.5 милиони евра во иднина“, рече Родригез.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП