29 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕден регион – еден пазар!

Еден регион – еден пазар!

На економскиот форум Јахорина се отворија неколку битни теми за државите од регионот. Главната, како земјите од Западен Балкан заедничи да делуваат за оставрување на поголем економски раст.

Туризам, тешка индустрија, преработувачка индустрија, дигитализација, ова беа само темита на дел од панелистите од земјава и странстрво.

Време е туризмот да го заземе заслуженото место во државните економии на земјитге од западниот балкан. Ова е пораката која ја даде Љупчо Јаневски на седмиот по ред Јахорина Економски форум. Јаневски е екс директор на македонската Агенција за промоција и поддршка на туризмот кој истакна дека потребни се долгорочни правци за развој на туризмот поточно на туристичките дестинации.

Освен за туризам на форумот се потенцираше и потребата за подобрување на регионалната соработка помеѓу државите од опкружувањето за што подобри резултати на глобалниот пазар.

На Економскиот форум Јахорина се донесоа заклучоци не само за моменталната економска клима во регионот, туку дискусиите на панелистите дадоа клучни насоки за подобрување на политиките кои дополнително ќе ја обликуваат иднината на регионалните  економии.

Од 600 учесници кои пристигнаа од 15 држави можеше да се слушнат плановите и препораките кои се даваат за европеизација на земјите, поточно како сите присутни чинители  градат мостови помеѓу теоријата и практиката, препораките и заложбите од процесот на пристапување во ЕУ, се создаваат иновативни решенија кои ја обликуваат одржлива економска иднина.

Форумот допридонесува за важен дијалог кој има далекусежно влијание врз заедничка економска перспектива и зачењето за идните правци на економиите и соработката на земјите од Балканот и овој дел на Европа. Една од темите на претставниците од Македонија беше туризмот.

„Туризмот во 2023 година во земјите од регионот ги надминаа резултатите во Европа споредбено со 2019 година и преставува една од ретките економски гранки на државно ниво кои имаат раст во земјите од Западниот Балкан и крајно време е да се третираа како една туристичка дестинација која брои повеќе од 18 милиони луѓе.  Секоја земја во туризмот се базира на 40 до 50% регионални гости и потребно е патувањата помеѓу себе да бидат побрзи и уште подобро инфраструктурно поврзани со авионски линиии и директни автобуски линии. Потребно е да изградиме јаки регионални туроператори и реархитектуираме туристичката индустрија доволно прилагодлива на новата туристичка реалност и барања на туристите. Време е туризмот да го заземе своето заслужено место во економиите на западниот Балкан!,, изјави Професор доктор Љупчо Јаневски.

Свое излагање имаше и претседателот на Сојузот на стопанки комори Трајан Англеловски, кој потенцираше дека идејата за еден регион – еден пазар не треба да остане само на хартија. Тој вели, таа иницијатива мора да стане реалност, а со тоа придобивка ќе имаат сите држави.

„Задедничкиот регионален пазар ќе придонесе развој на заедничките регионални индустрии и ќе привлече глобални инвеститори. Заедничкиот регионален пазар ќе може да има корист од зголемените можности генерирани од слободното движење на стоки, услуги луѓе и капитал во регионот, според тоа претставниците во приватниот сектор, особено Стопанските комори играат клучна улога улога во спроведувањето на акциониот план на заеднички регионален пазар. ЕУ останува клучен партнер на државите од Западен Балкан во спроведувањето на овој амбиционен и транформативен акциски план, бидејќи силниот и просперитетен Западен Балкан претставува неизоставен придонес кон европаката економија и безбедност, и помага во обликувањето на иднината на нашиот заеднички континент.“

Инаку, овој форум во Јахорина се одржува од 2016-та година на кој учество земаат бизнисмени и експерти од областа на економијата, како и претставници на политиката, односно шефови на држави и премиери. Во однос на регионалното делување неколку години пошироката експертска јавност е поделена за Иницијативата Отворен Балкан, во која засега делуваат Македонија, Србија и Албанија. Дел од државите од регионот засега се воздржави дали ќе пристапат на овој регионален проект а дел категорично одбиваат да земат учество во истиот.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП