14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАМожеме ли да преживееме и колку долго би издржале без да увезуваме...

Можеме ли да преживееме и колку долго би издржале без да увезуваме жито?

Во време кога глобалните пазари се соочуваат со неизвесност и промени, Шпанија, Италија и Франција остануваат меѓу редовните купувачи на руско жито.

Оваа постојана трговска врска доаѓа во контекст на широки економски и политички промени со Русија која минатата година донираше стотици илјади тони жито во земји од Африка и Азија, но и потпиша значајни договори со латиноамериканските држави.

Сепак, овие активности предизвикаа загриженост за потенцијална криза со лебот во регионите кои не се директно вклучени во овие договори.

Со оглед на фактот дека Европската комисија се подготвува да воведе тарифи на увозот од Русија, автоматски се поставува прашањето: дали сме зависни од житото и дали може оваа глобална игра да предизвика криза за лебот?

Според економските експерти со коишто разговаравме, глобалните пазари на жито се во постојана промена, и секоја земја мора да биде подготвена да се соочи со потенцијалните предизвици.

„Додека некои европски земји може да се чувствуваат сигурни со тековните договори, неизвесноста во снабдувањето може да предизвика значителни промени во цените на лебот и да влијае на стабилноста на националните економии. Кога станува збор за Македонија, ние засега имаме доволно жито. Не би можел да кажам точно колку жито имаме и за колку време, но факт е дека не сме во загрозена позиција. Ние сме увозници на жито, па прашање е дали Македонија во моментов би можела да се прехрани без да увезе храна од странство”, коментираат аналитичарите.

Со оглед на овие информации, се поставува прашањето за долгорочната одржливост на снабдувањето со жито и потенцијалните ефекти на глобалните економски односи.

Дали земјите како Македонија треба да размислат за диверзификација на своите извори на жито или да инвестираат во домашно производство како начин да се заштитат од глобалните трговски игри?
Одговорот на ова прашање може да биде клучен за иднината на нашата храна и економија.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП