22 април, 2025
ПочетнаМАКЕДОНИЈАПо пет месеци Палевски екстрадиран и директно пренесен во Шутка

По пет месеци Палевски екстрадиран и директно пренесен во Шутка

Љупчо Палевски Палчо по пет месеци стигна во затворот во Шутка откако заврши постапката за екстрадиција од Турција.

Палевски со возила без полициски ознаки пристигна во истражниот затвор Скопје затоа што во отсуство му е одредена мерка притвор.

Претходно неговата партија Десна објави на „Фејсбук“ дека тој слетал во Скопје.

И Министерството за внатрешни работи потврди дека Палевски стигна во затворот во Шутка.

„Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека денеска (15.05.2024) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР во соработка со турската полиција го завршија процесот на екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски (59) од Скопје, за кого беше распишана меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје. Лицето е пренесено во КПУ Затвор Скопје“, велат од МВР.

Палевски е првоосомничен за убиството на Вања Ѓорчевска од Скопје и Панче Жежовски од Велес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП