26 јуни, 2024
ПочетнаСВЕТРусите се поблиску до Харков, Зеленски ги одложи сите патувања: „Ситуацијата е...

Русите се поблиску до Харков, Зеленски ги одложи сите патувања: „Ситуацијата е исклучително лоша“

Руските напади врз Харков не стивнуваат и на украинската армија и е сè потешко да им се спротивстави. Паднаа градот Вовчанск и селото Бухраватка, па руската војска се почесто поставува позиции околу градот Харков, но и на неговата територија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги одложи сите патувања поради тоа, соопшти неговиот кабинет.

Исто така, шефот на украинската полиција во Харков потврди дека руските сили почнале да воспоставуваат позиции на периферијата на самиот град.

„Ситуацијата е исклучително тешка“, рече тој, според Sky News.

Сепак, градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изјави дека сè уште нема планови за евакуација.

Работите да бидат уште полоши, руската противвоздушна одбрана синоќа собори десет украински ракети ATACMS од американско производство над анектираниот црноморски полуостров Крим. Руското Министерство за одбрана, исто така, соопшти дека 17 украински беспилотни летала и други проектили биле соборени над регионите Белгород, Курск и Брјанск, пограничните провинции на Русија.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во вторникот на 14 мај беше во ненадејна посета на Киев и се сретна со Зеленски, а ќе се сретне и со украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба. Тој и вети на Украина воена помош која може да ја промени ситуацијата на бојното поле.

Затоа Русите толку брзаат, сакаат да направат што е можно повеќе пред Украина да стане забележително посилна за околу еден месец. Како одговор, Украинците се повеќе ги напаѓаат руските позиции на Крим, но нивниот успех не може да се спореди со она што Русите во моментов го постигнуваат околу Харков.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП