Од 17 до 19 мај Diamond Mall ќе биде домаќин на уште еден интересен настан – Фестивал на македонски домашни производи. На фестивалот што ќе се одржува под мотото „Вкус и традиција“, своите производи ќе ги изложат 15 домашни производители на традиционални прехранбени производи и пијалаци.
Во деновите на одржување на фестивалот, посетителите во Diamond Mall ќе имаат уникатна можност да се запознаат, да вкусат и да набават голем број автентични производи како што се: домашен путер и масло од лешник, производи од тартуфи, комбуха, афион, бобинки и бадем, потоа домашно зреено месо и сувомеснати производи, сирење, зимница и мед, како и ракија, вино и пиво произведени во мали семејни дестилерии, винарници и пиварници.

