Охрид, градот кој со право се нарекува „бисерот на Балканот“, и оваа година ги отвора своите порти за британските туристи.
Со својата неповторлива убавина, богато културно наследство и топлото гостопримство, Охрид продолжува да биде една од најпосакуваните дестинации за посетители од Велика Британија.
Според последните статистички податоци, Охрид веќе ги надминува очекувањата со зголемен број на туристи во првите два месеци од годината.
Оваа тенденција се очекува да продолжи и во летните месеци, со прогнози за рекорден број посетители.
Во изјава за медиумите, Владимир Петрушев, менаџер за маркетинг во една позната туристичка агенција од Охрид, изрази оптимизам за претстојната туристичка сезона:
„Секоја година се трудиме да ги надминеме очекувањата на нашите гости, а ова лето не е исклучок. Со зголемениот интерес на британските туристи за Охрид, очекуваме дека ќе се рушат сите претходни рекорди. Нашата агенција е подготвена да понуди незаборавно искуство, со широк спектар на активности и аранжмани кои ќе ги задоволат сите вкусови”.
Охридското Езеро, со својата кристално чиста вода и живописни плажи, веќе е препознатлив симбол на градот.
Додека стариот град со своите цркви и манастири, како и античкиот театар, привлекуваат посетители со желба за културен туризам.
Директните воздушни врски што ги обезбедуваат чартер-летовите ја елиминираат потребата за повеќекратни чекања меѓу транзитните или трансфер-летовите, кои одземаат многу време, нудејќи им на британските патници беспрекорно и практично искуство на патување покрај волшебното Охридско Езеро.
Охрид е спремен да ги пречека со отворени раце и да им понуди незаборавно лето полно со авантури, релаксација и културно богатство.
Б.З.М.