20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајавен е економски бум во Македонија – еве какви проекти нè очекуваат...

Најавен е економски бум во Македонија – еве какви проекти нè очекуваат во иднина

Во рамките на новата програма „Платформа 1198”, победничката партија на парламентарните избори ВМРО-ДПМНЕ најавува значителни промени кои имаат за цел да го подобрат економскиот развој и животниот стандард во државата.

Со оглед на тоа што програмата содржи точно 1.198 проекти и решенија, таа претставува храбар и темелен план за нова надеж и враќање на државата кај народот, коментираат аналитичарите.

Во продолжение ќе ви претставиме дел од плановите на идната власт:

Ниски даноци за крипто-трговците

Еден од клучните аспекти на „Платформа 1198” е воведувањето на ниски даноци, со што Македонија би станала една од земјите со најмали даночни оптоварувања.

Оваа мерка е наменета да ја зголеми конкурентноста на државата и да привлече странски инвестиции. Покрај тоа, програмата предвидува и регулаторна гилотина, намалување на оптоварувањата на фирмите и довршување на гасификацијата на државата.

Во сферата на дигиталната економија, „Платформа 1198” предлага иницијативи за тргување со крипто-валути, што би можело да го отвори пазарот за нови форми на инвестиции и да ги искористи предностите на блокчејн технологијата.

Проектот „Купи куќа за млади“

Програмата исто така се фокусира на социјалните аспекти, како што е враќањето на проектот „Купи куќа за млади“. Овој проект има за цел да им помогне на младите да стекнат сопствен дом и да ја зголеми нивната финансиска стабилност.

Со овие и други мерки, „Платформа 1198” се стреми кон создавање на услови за економски раст, зголемување на платите и пензиите, и обезбедување на ред и правда за сите граѓани.

Младите на село

За младите парови кои ќе се преселат на село, ќе се изработи програма со која ќе овозможиме еднократна финансиска поддршка за купување, градење или проширување на куќа.

Платформата предвидува продажба на државно неизградено земјиште по повластена цена по квадратен метар, како и неколку бесплатни типови на проекти за изградба на куќа со што дополнително би се намалиле трошоците на семејството.

Програмата е резултат на повеќегодишен консултативен процес со експерти и граѓани и е насочена кон луѓето, ставајќи ги нивните потреби и проблеми на прво место.

Во рамките на новата програма ВМРО-ДПМНЕ најавува значителни промени кои имаат за цел да го подобрат економскиот развој и животниот стандард во државата.

Со овие и други мерки, „Платформа 1198” се стреми кон создавање на услови за економски раст, зголемување на платите и пензиите, и обезбедување ред и правда за сите граѓани.

Програмата, како што објаснуваат од партијата, е резултат на повеќегодишен консултативен процес со експерти и граѓани и е насочена кон луѓето, ставајќи ги нивните потреби и проблеми на прво место.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП