3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗGM под истрага во Индија за корпоративна измама

GM под истрага во Индија за корпоративна измама

GM-India

Официјални лица на индиската влада несакаа да ги коментираат информациите кои се појавија дека американскиот авто-гигант „General Motors“ е обвинет за корпоративна измама. Инаку оваа измама е поврзана со лажните тестови за емисијата на издувни гасови кои ги ослободуваат моторите кои се во возилата на оваа компанија.

Некои локални индиски медиуми објавија дека истрагата на владата на оваа земја утврдила дека еден раководител на „GM India“ ги прекршил стандардите на тестирањата и извршил измама. Владата најверојатно именувала тричлена комисија која требала да утврди дали навистина дошло до измама од страна на американската компанија.

Потсетуваме дека во јули „GM India“ отповика 114.000 „Chevrolet Tavera SUV“ модели и го стопираше производството за да ја намали емисијата на штетни гасови на овој модели и да реши некои други проблеми кои ги имаше овој автомобил.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП