21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБркаат врски кај пазарџиите за да резервираат јајца за Велигден – на...

Бркаат врски кај пазарџиите за да резервираат јајца за Велигден – на пазарите започнаа гужвите

„За мене чувај ми две табли“. „За мене тргни ми една табла, редовен муштерија сум ти, ме знаеш“. „Издвој ми ги најубавите и најкрупните бели јајца, да не ми снема за празников“.

Деновиве, ова претставува редовен разговор помеѓу муштерии и пазарџии на скопските пазари во пресрет на еден од најголемите христијански празници Велигден.

Граѓаните како да се уплашени дека за нив ќе нема доволно јајца за празнично вапцување, па сите, како договорени, почнаа масовно да бркаат врски кај пазарџиите и да резервираат јајца.

Цената на јајцата си е останата иста – од 190 до 220 денари за табла од 30 јајца.

Се забележуваат гужвите на пазарот и редиците кај продавачите на јајца – некој купува една табла, друг купува две табли, трет веќе купил две табли ама се сетил дека можеби ќе му бидат малце па се вратил да докупи уште една табла…

Експертите предупредуваат дека оваа тенденција може да има краткотраен ефект врз инфлацијата, особено во секторот на храна.

Потрошувачите се советуваат да планираат навреме и да размислат за алтернативни опции за набавка на јајца, како што се локалните фарми кои може да нудат поповолни цени.

Оваа ситуација исто така го истакнува значењето на планирањето и предвидувањето на пазарните трендови, како и потребата од стратегии за управување со залихите за да се избегнат слични сценарија во иднина.

Со правилно управување и координација, пазарџиите и продавачите можат да обезбедат стабилност на цените и да ги задоволат потребите на потрошувачите без непотребно зголемување на цените.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП