15 мај, 2024
ПочетнаСВЕТБлинкен: Хамас е „единственото нешто“ што стои на патот за прекин на...

Блинкен: Хамас е „единственото нешто“ што стои на патот за прекин на огнот во Газа

Говорејќи на состанокот на Светскиот економски форум во Саудиска Арабија, американскиот државен секретар Ентони Блинкен рече дека единственото нешто што стои на патот за прекин на огнот во Газа е Хамас и тие мора „брзо да одлучат“ за договорот кој е пред нив.

Американскиот државен секретар пред присутните изјави дека регионот се соочува со „веројатно најтешката криза на Блискиот Исток од 1948 година“ и дека САД „се обидуваат да стават крај на конфликтот во Газа, обидувајќи се да се погрижат тој да не се прошири“.

-Хамас има пред себе предлог кој е исклучително дарежлив од Израел. И во овој момент, единственото нешто што стои меѓу луѓето во Газа и прекинот на огнот е Хамас. Тие треба да одлучат и тоа треба да го направат брзо. И се надевам дека ќе донесат правилна одлука. И можеме да имаме фундаментална промена во динамиката – рече тој, пренесува „Гардијан“.

Блинкен им се заблагодари на Катар и Египет за нивната работа во обидот да се постигне договор, велејќи дека „ние сме решени да сториме се што можеме за да ставиме крај на ужасното човечко страдање што го гледаме секој ден во Газа меѓу децата, жените, луѓето кои се фатени во ужасниот вкрстен оган предизвикан од Хамас“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП