26 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАApple ги претстави новитe iPad Air, iPad mini и Mac Pro

Apple ги претстави новитe iPad Air, iPad mini и Mac Pro

Apple Event

„Apple“ ја обнови својата палета на таблети со новата петта генерација на „iPad“ и втората верзија на „iPad mini“. Уредите користат надграден хардвер и софтвер со мали промени во изгледот, но не и особено револуционерни промени. Наместо тоа, компанијата се насочи кон демонстрација на можностите на таблетите со софтверските услуги и дополнителните додатоци за нив.

„Не сите го гледаа значењето на нашиот „iPad“ кога го претставивме. Некои сметаа дека „netbooks“ се подобри. Некој ги запомни ли „netbooks“?“, објави извршниот директор на „Apple“, Тим Кук. Веќе компанијата има продадено 170 милиони таблети во светот и го најави како еден од своите најважни и револуционерни производи.

„Веќе дури и оние кои се сомневаа, прават таблети“, додаде тој.

Apple Event

„Новиот „iPad“ e најголемиот чекор во реализацијата на визијата за мобилните компјутерски уреди“, коментира потпретседателот на „Apple“, Фил Шилер. Новиот „iPad“ ќе се вика „iPad Air“. Тој е потенок и полесен, но и помоќен. Тој го задржува 9.7 -инчен „Retina“ дисплеј, но е со тенка рамка околу екранот. Таблетот ќе користи 64 -bit А7 процесор, кој имаше деби со „iPhone 5s“, како и дел од останатиот хардвер на смартофон, како копроцесорот „М7“.

Таблетот ќе располага со 5МР „iSight камера“, Full HD камера на предниот панел, два микрофони. Батеријата ќе обезбедува 10 часа работа со едно полнење. Таблетот ќе чини 499 долари за 16GB верзија со „WiFi“, но нема да се нуди сензор за отпечатоци. „iPad 2“ ќе продолжи да се продава за цена од 399 долари за 16GB верзијата, бидејќи според Шилер има многу корисници кои сакаат таков таблет.

„iPad mini“ исто така доби своја нова верзија. Компактниот таблет очекувано доби „Retina“ дисплеј со висока резолуција. Дијагоналата на екранот останува 7.9 инчи. Резолуцијата е 2048х1536, исто како и кај „iPad Air“. Новиот „iPad mini“ исто така ќе го користи процесорот „А7“. Таблетот ќе чини 399 долари, а сега прва генерација ќе се продава за 100 долари помалку. Продажбата ќе започне „подоцна во ноември“.

Apple Event

Таблетите ќе се нудат и со богата палета на дополнителни додатоци. „Apple“ претстави нови заштитни футроли за нив, кои ќе чинат 39 долари. Кожена торба ќе чини 79 долари за „iPad Air“ и за 10 долари помалку за „iPad mini“.

Обновени беа пакетите за апликации „iLife“ и „iWork“, кои имаат за цел да ја зголемат ефикасноста на работа со мобилните уреди. Тие покриваат широк спектар на опции како уредувањето на видео, аудио и слики, разни документи, презентации. „iLife“ ќе се нуди бесплатно, но со купување на нов „Apple“ уред.

Компанијата најави дека сега нуди над 1 милион апликации во својата онлајн продавница за „iOS“ уреди. 4750 илјади апликации се специјално развиени за „iPad“.

„Apple“ претстави и серија мали надградби за оперативниот систем „Mac OS X Mavericks“. Резултатите од неа се повеќе вградени апликации со широк спектар на можности и значителна оптимизација во методот на работа на софтверот, која го зголемува времето на работа на батеријата за лаптопот. Поголемата вест при „Mac OS X Mavericks“ е дека платформата веќе ќе се нуди бесплатно.

prezent2

Компанијата ги обнови и своите лаптопи. 13 -инчниот „MacBook Pro“ веќе е полесен и потенок. Тој ја користи последната генерација на процесорот „Intel – Haswell“ со „Intel Iris“ графички контролер и неговата батерија ќе трае до 9 часа. „RAM“ меморијата е 4GB, а капацитетот на дискот изнесува 128GB SSD. Тука е и екранот од „Retina“. Цената на новиот „MacBook Pro“ ќе започнува од 1299 долари или 200 долари помалку од претходниот модел.

15 -инчниот „MacBook Pro“ има уште помоќен хардвер од последната генерација на „Intel“. Ќе се нуди и видео картичка „Nvidia“. Животот на батеријата е до 8 часа. Реновирани се и останатите модули како „WiFi“, „Thunderbolt“. Цената на новиот лаптоп ќе започнува од 1999 долари.

Деби имаше и десктоп компјутерот, „Mac Pro“. Алуминиумското тело е со еден вентилатор наместо со 8 како претходниот модел. Тој е значително помал од својот претходник и ќе има многу помоќен хардвер. „Mac Pro“ ќе има „Intel Xeon E5“ процесор со верзија до 12 јадра. Ќе се нуди со 64GB DDR3 ECC RAM меморија. На располагање ќе има две „AMD FirePro“ графички картички со до 12GB меморија. За чување на податоци се користи „Flash“, кој ќе може да има простор до 1TB. Цената на „MacPro“ ќе започнува од 2999 долари​​.

Apple Event

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП