5 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАСовет од Gorenje: 4 основни функции на добра машина за перење

Совет од Gorenje: 4 основни функции на добра машина за перење

Што земате во предвид кога купувате нова машина за перење? Да, цената е веројатно прва на сечија листа, но не е примарниот фактор што треба да влијае на одлуката.

Кога станува збор за купување нова машина за перење, има неколку клучни карактеристики на кои треба да внимавате за да бидете сигурни дека ќе ја набавите машината што ги задоволува вашите потреби. Без разлика што цената игра важна улога во донесувањето на одлуката и односот на квалитет и вложување, парите не треба да бидат единствената одредница која ве води при изборот на нова машина за перење, која ќе ја користите со години.

Без разлика дали станува збор за освежување на облеката, одржување на самата машина чиста и свежа или брзо, квалитетно и економично перење, Gorenje ви предлага неколку карактеристики што треба да ги има вашата нова машина за перење.

Steam Refresh – секогаш свежа облека

Дали сте слушнале за оваа карактеристика? Станува збор за специјално дизајнирана и вградна програма која користи пареа за освежување на облеката и ја намалува потребата за пеглање. Не само што ќе потрошите помалку време за да ја средите вашата облека по перењето, туку машината ќе јаодржува облеката посвежа и без набори подолго време.

AirDry – заборавете на непријатните мириси

Ако ја имате опцијата AirDry, можете да заборавите на непријатните мириси од машината! Бидете сигурни дека вашата машина ќе биде дополнително чиста, бидејќи AirDry целосно ги суши дозерот за детергент, барабанот и рамката на вратата и нема акумулација на влага и затоа нема можност за појава на непријатни мириси.

PowerWash – исчистете ги алиштата за помалку од еден час

За брзо перење, PowerWash е клучот, што овозможува вашата омилена облека да биде подготвена за носење за помалку од еден час. Оваа програма е идеална за половично наполнета машина, заштедувајќи време и енергија. Перете ги ги алиштата секогаш кога ви треба, без мака и без огромна сметка за струја.

ExtraHygiene – програмата за перење со пареа

Оваа програма која е тестирана и сертифицирана од страна на Intertek, отстранува до 99,9% од бактериите и мувлата користејќи ја моќта на пареата и високата температура на перење. Алиштата ќе бидат совршено чисти, а во исто време вашата машина за перење ќе остане чиста подолго време, без бактерии и непријатни мириси.

Јасно е дека ако машината за перење ги има некои од овие функции што ги опишавме овде – таа ќе биде вистински сојузник во одржувањето на вашата облека свежа, чиста и одличен избор при купување.

Наша препорака е моделот Gorenje WNS1X4ARTWIFI кој има инвертер PowerDrive мотор без четкички. Во исто време тивок, но многу ефикасен, овој мотор е дизајниран да обезбеди долг работен век на машината, заштедувајќи енергија со секој циклус на перење. Исто така, со овој модел ќе ги имате сите опции за контрола и проверка на машината за перење алишта преку апликацијата на вашиот мобилен телефон. Можете да добивате известувања на мобилен телефон и да управувате со целото работење на машината за перење алишта каде и да сте. Модерна, лесна за употреба и ефикасна машина – со години!

Доколку токму во овој момент ја барате идеалната машина за перење, искористете ја можноста и проверете ги Gorenje машините за перење алишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП