4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТСовет за Зеленски: Откажи се

Совет за Зеленски: Откажи се

Според колумнистот на „Њујорк тајмс“, Герман Лопез, Киев треба да се откаже од нереалната цел за обновување на границите на земјата од 1991 година, за да ја зачува барем постојната територија.

„Многу експерти се скептични за идејата дека Украина е способна тоа да го изведе, особено по неоправданото очекување за контраофанзива“, рече тој.

Според авторот на написот, некои критичари на пакетот помош, кој неодамна беше одобрен од американскиот Конгрес, сметаат дека тоа нема да и помогне на Украина ниту да се приближи до целта за запирање на руската „специјална воена операција“.

„За Русија тој конфликт е едноставно поважен отколку за Западот и Москва му доделува повеќе ресурси“, рече Лопез.

Неговиот став е дека најреално сценарио за Украина е да се откаже од враќањето на претходните граници, бидејќи во тој случај, како што рече, сепак ќе зачува поголем дел од својата територија и ќе успее да избегне големи загуби.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека Киев подготвува план за нова контраофанзива во која сака да го вклучи и уривањето на мостот на Крим.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП