27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗKоличката за бебиња на Аston Martin oд 2.300 евра

Kоличката за бебиња на Аston Martin oд 2.300 евра

Silver-Cross-Aston-Martin

Производителите на автомобили на секој начин се обидуваат да привлечат што е можно повеќе купувачи, па поради тоа покрај стандардните понуди на возила, тие претставуваат линии на мебел, облека, парфеми и други работи. Меѓу нив се вклучи и британскиот производител на автомобили „Aston Martin“ кој креираше специјална количка за бебиња во која малите деца може да се возат со „стил“.

Тркалцата на количката се реализирани во партнерство со компанијата за лускузна детска опрема „Силвер Крос“, кои се направени по истиот дизајн како и тркалата на моделот „Аston Мartin Оne-77“ чија цена изнесува 1.3 милиони евра.

Обложена со најфината италијанска кожа, количката е опремена со амортизери кои овозможуваат непречено возење по секаков терен.

Цената на овој „бејби болид“ од кој се произведени само 800 примероци, изнесува 2.300 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП