4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНафтоводот никако да проработи!

Нафтоводот никако да проработи!

Повеќе од четири месеци се чека да биде ставен во функција продуктоводот Солун – Скопје кој беше затворен повеќе од една деценија. Наместо експерено пуштање, како што беше најавено, целата процедура заглави во административно-технички подготовки. Регулаторот вели дека од негова страна работата е завршена. Министерството за економија подготвува правилник кој треба да биде надополнет и со елементи до други институции поврзани со транспортот и животната средина.

Нафтоводот има добиено зелено светло за работа од страна на Регулаторната комисија за енергетика, но се уште се чекаат останатите потребни документи од Министерството за економија.

„Регулаторна комисија за енергетика издаде лиценца за работа во текот на минатата година, сега се чека на министерствот за економија кое треба да го подготви правилникот за работа на продуктоводот. Се што беше потребно од страна на Регулаторната комисија за енергетика е завршено уште пред пет месеци“, велат од Регулаторната комисија за енергетика.

Од Министерството за економија, кое е надлежно за енергетскиот сектор во земјава за Денар велат дека согласно правилата и уредбите од Законот за енергетика, за уредите и постројките кои се користат за транспорт на нафтата и нафтените деривати, Министерот за економија со правилник ги пропишува Технички прописи и стандарди кои треба да бидат исполнети за сигурно и безбедно работење и заштита на животната средина. Од ресорното министерство додаваат дека, согласно законот овие технички прописи се донесуваат, по претходна согласност на министерот надлежен за работите од областа на транспортот, министерот надлежен за работите од областа на заштита на животната средина и министерот надлежен за работите од областа на внатрешните работи. Целата оваа процедура засега не е завршена, но е во крајна фаза на реализација,

„Нацрт текст на Техничките прописи и стандарди за сигурно и безбедно работење и заштита на животната средина на уредите и постројките кои се користат за безбеден транспорт на нафта/нафтени деривати се во завршна фаза на изработка и истите се доставени на мислење и забелешки од надлежните институции. Согласно законот, по донесувањето на наведените технички прописи, носителот на лиценца транспорт на нафтени деривати преку продуктовод, подготвува Правила за работа и управување на нафтоводи и продуктводи, (согласно член 144 од Законот за енергетика) во кои треба да бидат уредени прашањата, како што се: Технички услови за транспорт на нафтени деривати преку продуктоводот; Технички услови за одржување и безбедно функционирање на продуктоводот; Мерки и процедури во случај на несреќи; Начин, услови и постапка за пристап на трета страна до продуктоводот; Функционални барања и класа за точност на мерните уреди и начинот на мерење на транспортираните количини на нафтени деривати преку продуктоводот и други технички услови кои се неопходни за безбеден и сигурен транспорт на нафтени деривати преку продуктоводот.“ велат од Министерството за економија“, велат од Министерството за економија.

Вардакс, компанија која е сопственик на нафтоводот и подружница на грчки Хеленик Петролеум, веќе достави до Министерството за економија предлог Правила за работа на продуктоводот за одобрување. Но правилата велат дека, но согласно законот најнапред треба да бидат донесени Техничките прописи и стандарди за безбедно работење на нафтовод/продуктоводи за заштита на животната средина, па оттука Правилата за работа на продуктоводот треба да се во согласност со техничките прописи и стандарди. Објаснуваат од Министерството за економија.

„Согласно член 145-б ЗЕ, Министерот за економија донесува методологија за определување на износот на надоместокот за извршениот транспорт преку нафтовод, односно продуктовод. Методологијата е акт со кој се утврдува начинот на определување на надоместокот за вршење на дејноста. Вршителот на енергетската дејност транспорт на нафтени деривати преку продуктовод, најдоцна до 31 октомври во тековната година доставува на одобрување до Владата тарифник за вршење транспорт низ продуктовод, изработен врз основа на методологијата и доставува пропратна документација дефинирана, согласно член 145-б од ЗЕ. Владата, по претходно мислење од Министерството за економија и Регулаторната комисија за енергетика, го одобрува тарифникот доставен од операторот, кој ќе се применува од 1 јануари до 31 декември во следната година. Со предлог-текстот на новиот Закон за енергетика се надминува утврдениот датум за поднесување на тарифник за вршење транспорт низ продуктовод од страна на Вардакс. Во преодните одредби(ова е предлог на консултантите во новата верзија што ја доставија) дадено е можност и поскоро да поднесе барање. Доколку не се донесе новиот Закон за енергетика, останува дефинираниот датум за поднесување (најдоцна до 31 октомври во тековната година) и согласно тоа новата тарифа би почнала да се применуванајрано од 01.01.2025 година“, додаваат од Министерството за економија.

Информациите дека нафтоводот или по ново продуктоводот Солун – Скопје повторно, по 13 години ќе биде вратен во функција излегоа во јавноста кон крајот на ланската година. Најавите беа толку оптимистички што надлежните од земјава уверуваа дека дизел гориво ќе тече по цевките на продуктовод веднаш по завршувањето на божиќните празници. Од тогаш до денес поминаа точни четири месеци, а од тоа нема ниту збор. Пресметките се дека од кога ќе биде ставен во функција овој продуктивод преку кој од Грција ќе се дистрибуира дизел гориво во земјава, цената на тоа гориво драстично ќе се намали за крајните потрошувачи поради намалување на цената за транспорт.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП