9 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на Нетфликс скокнаа во првиот квартал, имаат и огромен пораст на...

Приходите на Нетфликс скокнаа во првиот квартал, имаат и огромен пораст на претплатници

Американската дигитална платформа за стриминг филмови и телевизиски серии Нетфликс објави скок во приходите и профитот во првиот квартал, со повеќе од девет милиони нови претплатници и зголемени цени.

Во периодот од јануари до март, приходите на Нетфликс скокнале за околу 15 отсто на 9,37 милијарди долари, се вели во извештајот објавен во четвртокот. Нето добивката е зголемена за 80,2 отсто, на 2,33 милијарди долари.

Скокот на приходите го објаснуваат со поголем број претплатници и повисоки цени.

Тие наведуваат дека во првиот квартал го зголемиле бројот на претплатници за 9,33 милиони, на 269,6 милиони, додавајќи дека од следната година повеќе нема да објавуваат квартални бројки. Набљудувачите на пазарот ја толкуваат одлуката првенствено како важен показател за конкуренцијата со Дизни и другите даватели на услуги за стриминг.

Нагорниот тренд започна минатата година со одлуката на компанијата да ја потисне практиката на споделување лозинки надвор од домаќинствата.

Нетфликс очекува силен раст на приходите и во вториот квартал, со стапка од 16 отсто. Нето бројот на претплати сепак треба да биде помал од почетокот на годината поради вообичаените сезонски фактори. Во текот на 2024 година, компанијата предвидува раст на приходите во опсег од 13 до 15 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП